Македонија Високото образование и хонорарите утре пак во Собрание

Високото образование и хонорарите утре пак во Собрание

Законите за високо образование и за придонеси од задолжително социјално осигурување, заедно со другите закони предложени од неколку пратеници, ќе се носат по скратена постапка, одлучија пратениците на денешната седница на Собранието.

Претседателот Трајко Вељаноски ја презакажа седницата на која ќе се разговара за овие закони за утре напладне, со образложение дека матичните комисии треба да ги разгледаат предлог-измените на законите.