Хроника Верушевски доби уште 30 дена притвор

Верушевски доби уште 30 дена притвор

Ексразузнавачот Зоран Верушевски доби нови 30 дена притвор. Судија во претходна постапка му го определил притворот за делата шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи.

Одлуката доаѓа по изминувањето на првите 30 дена, кои Верушевски ги издржа во притвор откако беше приведен кон крајот на минатиот месец, под сомнеж за нелегално поседување оружје.

Зоран Верушевски е првоосомничен во случајот „Пуч“, заедно со неговата сопруга и со еден вработен во Општина Струмица. Четвртоосомничен во истиот случај е лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Неодамна, во рамки на истата акција, беа уапсени уште две лица, функционери во Министерството за внатрешни работи.