Македонија Верушевски денеска на распит во Обвинителство за делото шпионажа

Верушевски денеска на распит во Обвинителство за делото шпионажа

Поранешниот директор на Упрвата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски, денеска напладне  дал исказ пред јавен обвинител во врска со случајот  „Пуч“ , во кој  тој е првоосомничен и се товари за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи, пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница.

Покрај Верушевски,  денеска бил спрoведен уште еден од осомничените во случајот, исто така поранешен вработен во УБК.

Како што пренесува весникот, Верушевски, кој денеска прв пат бил на распит за делото шпионажа, во Обвинителството бил задржан до доцните попладневни часови.

„Во оваа фаза од постапката, сметаме дека тие докази не се доволни за да биде успешно обвинението против четворицата обвинети, меѓутоа сè уште во тек е постапката и не знаеме што уште ќе произлезе. Според овие докази, не гледаме дека обвинителниот акт е основан“, изјавил бранителот на Верушевски, адвокатот Ангеле Илиевски, пренесува „Утрински“.

Утре во Обвинителството на распит треба да се појави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, но за случајот во кој се товари за поткуп.