Дописници Велигденски честитки и желби од Македонците во Албанија

Велигденски честитки и желби од Македонците во Албанија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ – ОА, г.г. Стефан, во која, од името на македонското национално малцинство во Албанија, им го честита големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден на сите православни верници во Македонија.

– Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да нè следат и да се постојано со нас. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник – се вели во честитката, потпишана од претседастелот на Друштвото, Никола Гургај.

Македонците од Албанија, заедно со другите православни верници, од вчера, Велипеток, го полнат Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, црквите – православни храмови во Голо Брдо и во Корча, како и во Пустец и во другите села во областа Мала Преспа, населени само со етнички Макеедонци.