Македонија Величетврток, ден во средината на страдалната седмица

Величетврток, ден во средината на страдалната седмица

Денеска е Величетврток  во средината на страдалната седмица, седмица што е полна со важни настани за спасението на човекот.

Во четвртокот од таа последна недела на Христовиот живот на земјата, беше установена животоносната тајна на црквата, тајната на евхаристијата.

Таа тајна е установена во горната соба од една ерусалимска куќа, кога Христос зеде леб, го прекрши и им подаде на учениците, т.е. на апостолите, а зеде и чаша со вино и исто така им ја подаде да пијат, со што ја најави својата смрт и таинствениот трепет што треба да го имаат учениците, зашто по неговата смрт беше јасно дека нешто ќе се случи.

Таа тајна е изворот на целокупното богослужење на Црквата, а нејзиниот централен дел е причестувањето со телото и со крвта Христова.