Главна секција Вељаноски закажа собраниска седница во 20.30 часот

Вељаноски закажа собраниска седница во 20.30 часот

Спикерот на Собранието, Трајко Велјаноски, закажа седница на собранието во 20.30 часот на која треба да се расправа за измените на Изборниот законик.

Рокот за гласање на измените на Изборниот законик, според договорот кој партиите го постигнаа пред два дена, истекува денеска на полноќ.

Пратениците се договорија на собраниската седница да биде ставен единствено предлогот за измените на Изборниот законик, а не како што инсистираше власта, и измените на законите за влада, за МВР и за Агенцијата за медиуми.