Дописници Вечерва во Охрид премиера на драмската презентација на поемата „Дениција“

Вечерва во Охрид премиера на драмската презентација на поемата „Дениција“

Вечерва, во 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи премиера на драмската презентација на поемата „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.

Драматизацијата е во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Иси ет ла“ (Ici et la) од Париз, Франција.

Во овој несекојдневен театарски потфат на режисерот Константин Плевнеш, кој е воедно автор на оригиналната музика, во улогата на Петре М. Андреевски настапува првенецот на Драмскиот театар, Рубенс Муратовски, во улогата на Дениција, младата актерка Димитрина Мицкоска, а во улогата на божицата Талија, Саша Ефтимова од Македонска опера и балет (МОБ).

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Марија Пупучевска, видеоартистичката подлошка е на Милчо Узунов, додека уметнички советник е Флориан Габер.

Во рамките на претставата користени се и слики на Сергеј Андреевски на тема „Дениција“.