Македонија Вчера низ Македонија поминале речиси 6.000 бегалци

Вчера низ Македонија поминале речиси 6.000 бегалци

Потврди на вкупно 5.979 странски државјани се издадени во последното деноноќие, информираат од МВР. Од нив 2.907 се од машки пол, 1.191 лице се од женски пол, 1.417 се деца што го придружуваат носителот на потврдата, а 464 деца што патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 3.022, Авганистан – 1.940 и на Ирак – 1.014, додека другите се во помал број.