Спорт Валтери Ботас итно префрлен во болница поради болки во грбот

Валтери Ботас итно префрлен во болница поради болки во грбот

Возачот на Вилијамс, Финецот Валтери Ботас, кој денеска го зазеде шестото место во квалификациите за првата годинашна трка во Формула 1, итно е префрлен во болница поради болки во грбот, пренесе „Екипа“.

Под знак прашалник е учеството на Ботас на утрешната трка за Големата награда на Австралија.

Ботас и за време на квалификациската трка имаше болки во долниот дел од грбот, а откако тие се засилиле, е префрлен во болница за да се завршат неопходните прегледи. Од неговиот тим соопштуваат дека дополнително ќе дадат информација околу состојбата на возачот и за евентуалното отсуство од утрешната трка.