Култура В сабота „Жизел“ во МОБ

В сабота „Жизел“ во МОБ

Македонска опера и балет

В сабота, во 20 часот, во Македонската опера и балет, ќе биде изведен романтично-фантастичниот балет во два чина „Жизел“.

Во „Жизел“ ќе настапат примабалерината Александра Мијалкова, во насловната улога Васил Чичијашвили (Грузија), Игор Веланоски, Ивана Коцевска, Ангела Велевска, Гиорги Беридѕе, Билјана Пашариковска, Драган Кочоски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на МОБ, кореограф е Леонид Лавровски од Русија, а диригент е Бисера Чадловска.