Македонија В недела во Велес, нов протест за Тамара

В недела во Велес, нов протест за Тамара

Протестот со кој се бараат оставки на одговорните за смртта на Тамара ќе продолжи во Велес, в недела, на 1 март.

Вчера во Скопје неколку стотици граѓани бараа одговорност за смртта на девојчето, а пред протестот оставки си поднесоа директорите на ФЗО, Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемали Мехази.