Македонија Утре ќе се украсува новогодишна елка во Охридско Езеро

Утре ќе се украсува новогодишна елка во Охридско Езеро

Утре, во водите на Охридско Езеро, традиционално, по тринаесетти пат, ќе се украсува подводна новогодишна елка. Овој несокојдневен настан, единствена таква атракција во овој дел на Европа, се организира кај месноста Заливот на коските, односно возобновеното праисториско наколно живеалиште.

Подводната новогодишна елка, по традиција, ќе ја постават нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ и Клубот за подводни активности „Охрид“, во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија.

За новогодишните празници, кога во Охрид се очекуваат повеќе илјади гости од земјата и од странство, лампионите ќе светат и во водите на Охридско Езеро.

Во Заводот и Музеј во Охрид велат дека Заливот на коските и наколното живеалиште, всушност, се најпосетена туристичка дестинација во Охрид.