Македонија Утре ќе се одржи годишна конференција на Европската федерација на пожарникари

Утре ќе се одржи годишна конференција на Европската федерација на пожарникари

Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија (НСПМ) ќе биде домаќин на годишната конференција на Европската федерација на пожарникари. Конференцијата ќе се одржи утре, од 10 часот до 18 часот, во хотел „Континентал“, а прес-конференцијата за медиумите е закажана за 12.30 часот.

Спроведувањето на европските нормативи, работното време на пожарникарите и заштитата за здравјето на пожарникарите ќе бидат темите на коишто ќе се разговара на годишната конференција на Европската федерација на пожарникари.

На конференцијата ќе присуствуваат пожарникари од десeтина европски земји, меѓу кои Германија, Шведска, Финска, Данска, Црна Гора, Полска, Србија, Бугарија, како и пожарникари од цела Македонија, членови на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија.