Македонија Утре ќе се избира петтиот член на ад хок телото за медиуми

Утре ќе се избира петтиот член на ад хок телото за медиуми

Членовите на ад хок телото за регулација на медиумите во предизборниот период, утре на седница ќе го избираат петтиот член кој е потребен за телото да може да почне да работи, велат за „Мета“ членови на ад хок телото.

Како што е пропишано во Изборниот законик, петтиот член на телото мора да биде Албанец и тој се избира преку јавен повик.

Последниот член на телото треба да се избере со консензус на досегашните членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов, предложени од ВМРО-ДПМНЕ, и Горан Трпеновски и Љубомир Костовски, предложени од СДСМ.

Засега, според информациите на „Мета“, меѓу членовите на ад хок телото не владее претеран оптимизам во врска со нивната работа.