Македонија Усвоена одлуката за бесплатно ин витро за трето и за четврто дете

Усвоена одлуката за бесплатно ин витро за трето и за четврто дете

На денешната седница, Владата донесе одлука со која беа прифатени предлог-измени за Законот за здравствено осигурување, со кои на брачните двојки ќе им се овозможи бесплатно ин витро оплодување за трето и за четврто дете, соопшти денеска од Штип, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Стефановски.

– Со измените на Законот се предвидува ослободување од партиципација на граѓаните, кои ќе добијат право да остварат ин витро постапка, со што ги ослободуваме од плаќање 6.000 денари. Ова ќе важи за сите оние лица што ќе се обидат да добијат дете по пат на ин витро за прво, второ, трето и за четврто дете до три обиди. Ова е исклучително позитивен проект, кој е во насока на помош на тие лица што имаат проблем да го направат тоа по природен пат – вели Стефановски.