Македонија Уште една сообраќајка во Македонија, загинало лице

Уште една сообраќајка во Македонија, загинало лице

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“

Фото: David von Diemar on Unsplash

Утринава на патот Струмица-Валандово се случило сообраќајна несреќа, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице загинало.

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“.

Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Оваа несреќа доаѓа само неколку дена откако во сообраќјна незгода на патот Прилеп-Битола загинаа прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска од приватната болница „Плодност“.

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп