Македонија Управниот суд ja поништи лустрацијата на Ѓорѓи Спасов

Управниот суд ja поништи лустрацијата на Ѓорѓи Спасов

Поранешниот амбасадор и министер Ѓорги Спасов денеска соопшти дека Управниот суд во Скопје со одлука донесена на 31 август 2016 година ја поништува одлуката на Комисијата за лустрација, за негово лустрирање.

Спасов, во соопштението испратено до медиумите, наведува дека дури вчера бил известен за судската одлука, односно речиси шест месеци по нејзиното донесување.

Во образложението на одлуката, Управниот суд наведува дека одлуката на Комисијата за лустрација на поранешниот министер за правда и амбасадор Ѓорѓи Спасов „се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба и погрешна примена на материјалното право“.

Судот констатира дека фактичката состојба е погрешно утврдена и истата е заснована на нерелевантни докази.
Спасов беше лустриран на 15 декември 2014 година.