Македонија Улицатa Александар Урдаревски утре ќе биде затворена, сообраќајот ќе се пренасочува на...

Улицатa Александар Урдаревски утре ќе биде затворена, сообраќајот ќе се пренасочува на Обиколница

Асфалтирањето ќе се врши од 9 до 17 часот, и во тој период улицата на овој потег ќе биде целосно затворена за сообраќај

Асфалтирање и реконструкција на патот Ресен-Охрид преку Галичица. Фото: Влада на РСМ, 24 јули 2021.

Јавното претпријатие Улици и патишта-Скопје известува дека утре ќе асфалтира дел од коловозот на улицата Александар Урдаревски, во насока од крстосницата со улица Боца Иванова до улица Нов Живот, односно од првата улица за влез во гробишта„Бутел“ до влезот во Шутка.

Асфалтирањето ќе се врши од 9 до 17 часот, и во тој период улицата на овој потег ќе биде целосно затворена за сообраќај. Возилата, со соодветна сообраќајна сигнализација, ќе се пренасочуваат кон Обиколница.