Uncategorized Турција ќе почне воена операција против ИД

Турција ќе почне воена операција против ИД

Турција во следните денови ќе почне воена операција против џихадистичката група Исламска држава (ИД), соопшти денеска турскиот министер за надворешни работи Феридун Синирлиоглу, додавајќи дека спротиставувањето на терористичката закана треба да е заедничко.

– ИД е закана за нашиот начин на живеење и за нашата безбедност. Ќе продолжиме да им даваме помош на Ирак и на ирачки Курдистан сè до целосното уништување на сите терористички организации – рече Синирлиоглу.

Шефот на турската дипломатија не откри каде ќе биде спроведена акцијата, во Ирак, Сирија или турските погранични региони, ниту, пак, дали во неа ќе бидат ангажирани воздухопловни или копнени сили на Турција.