Економија Турција договорила попуст со „Газпром“

Турција договорила попуст со „Газпром“

Министерот за енергетика на Турција, Танер Јилдиз, за време на Туската интернационална конференција за нафта и за гас, која се одржува во Анкара, изјави дека Турција успеала да постигне договор со „Газпром“ за попустот во цената на природниот гас, објави руска „Газета“ (gazeta.ru).

На почетокот од февруари се шпекулираше дека „Газпром“ ѝ дал на Турција попуст за испорачаниот природен гас во износ од 10,25 отсто.