Македонија Цвеќарите од тротоарот преселени зад поликлиниката „Бит-пазар“

Цвеќарите од тротоарот преселени зад поликлиниката „Бит-пазар“

Скопје денеска доби нов цветен пазар зад поликлиниката „Бит-пазар“, откако таму беа дислоцирани тезгите на цвеќарите што беа на тротоарот веднаш до пазарот.

– Град Скопје и општина Чаир со поддршка на Еснафот на Старата скопска чаршија и Комората на трговци почнаа да ги ослободуваат улиците и тротоарите од сите препреки што го оневозможуваат нормалното одвивање на сообраќајот во кој учествуваат моторните возила, велосипедистите и пешачите. Секое купено цвеќе е чекор плус за справување со транзитниот период и можните потешкотии во работењето. Градот Скопје има разбирање дека трговците коишто работат на нелегално поставените тезги вложуваат многу труд за да заработат за основните средства за живот – рече на денешната прес-конференција портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху.