Економија Цените во домашната економија се намалија за 0,3 проценти на годишна основа

Цените во домашната економија се намалија за 0,3 проценти на годишна основа

Општото ценовно ниво во август забележа многу мал годишен пораст, пред сè, поради повисоките цени на храната и базичната инфлација, при понатамошно намалување на цените на енергијата, објави Народна банка.

– Во просек, во првите осум месеци од годината, општото ниво на цени во домашната економија се намали за 0,3 проценти на годишна основа. Засега се оценува дека инфлациските остварувања се во рамки на проектираните. Последните оцени за надворешните претпоставки, споредено со априлските проекции, покажуваат очекувања за нешто пониски светски цени на енергијата и на прехранбените производи. Честите промени во очекувањата за цените на примарните производи укажуваат на значителна неизвесност околу идното движење на овие производи и на голема можност за нагли промени кај овие категории – велат од Народна банка.