Ctrl - Z „Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Можеби највпечатливата атракција на саемот беше можностата да се изгради свој „Сајберпанк Град“ во кој „на црно добивате шифри“ со кои го хакирате својот пат од една до друга поврзана активност, како модерна верзија на „луна парк“

Фото: Sean Do on Unsplash

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум светот со својот квалитет. 

Се презентираа наслови на видео-игри со врвна графика. Се виде дека има голема разлика помеѓу првата верзија на PS5 и најновата верзија, PS5 Pro, која сè уште е понедостапна во Македонија поради „астрономската“ цена. 

Но и покрај тоа големо внимание привлекоа два типа на игри, тепачките игри и инди-игрите. Исто така големиот избор на инди игри се поклопи и со преработките на првичните верзии на Final Fantasy, преработка на флиперската игра Double Dragon. Од повисокобуџетните игри најмногу внимание привлекоа навраќањата на The Last of Us, Death Stranding и Metal Gear Solid кои како серијали не ја губат популарноста. Но, инди игрите се враќаат на својот минат драж, со тоа што има голем број нови игри со инвентивни механики.

Можеби највпечатливата атракција на саемот беше можноста да се изгради свој „Сајберпанк Град“ во кој „на црно добивате шифри“ со кои го хакирате својот пат од една до друга поврзана активност, како модерна верзија на „луна-парк“.

Да се надеваме дека „Токио Гејм Шоу 2024“ ќе биде голема инспирација за вакви настани ширум светот,  затоа што досега е најинвентивниот настан направен на тема видео-игри и „гик-култура“.