Дописници Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Крушево

Тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Крушево

„Тико“ и „опел корса“ се судриле денеска околу 17 часот на регионалниот пат Прилеп – Крушево.

Поради големата оштетеност на возилата, морала да интервенира и противпожарната единица, која со посебна опрема ги извадила патниците од возилата, од кои три се тешко повредени, а едно е во критична состојба.

Полиција и истражен судија излегле на местото на несреќата за да ја утврдат причината за судирот.