Свет Европа Терористот Абдеслам обвинет и за обид за убиство во Брисел

Терористот Абдеслам обвинет и за обид за убиство во Брисел

Клучниот осомничен за минатогодишниот терористички напад во Париз, Салах Абдеслам, е обвинет и за учество во престрелка во Брисел, која се случила една недела пред нападот на бомашот самоубиец на аеродромот и на метро-странциата во гавниот град на Белгија.

Како што изјави неговиот адвокат, Свен Мери, Салах бил обвинет за обид за убиство, а во таа престрелка еден алжирски исламист загинал, додека четворица полицајци биле ранети.

Три дена по престрелката, Абдеслам бил уапсен во квартот Моленбек и сега чека екстрадиција во Франција. По него се трагало четири месеци.

Абдеслам повторно ќе се појави пред бриселскиот суд на 28 април, а во Франција би можел да биде екстрадиран неколку дена потоа.