Хроника Тепачка помеѓу две групи во скопски Капиштец

Тепачка помеѓу две групи во скопски Капиштец

Вчеравечер, околу два часот по полноќ, на улицата Народен фронт  во скопската населба Капиштец, настанала тепачка помеѓу две поголеми групи лица, информираат од МВР. При тепачката, оштетен е еден автомобил марка „бе-ем-ве“. Лицата се приведени во полициската станица Центар, а против девет лица, учесници во тепачката, ќе бидат поднесени соодветни пријави.