Забава Тамара Тодевска повторно е сама

Тамара Тодевска повторно е сама

Тамара Тодевска ја раскинала свршувачката со кошаркарот Александар Димитровски-Мачка и свадбата е откажана, пренесува порталот „За забава“, повикувајќи се на извори блиски до двојката.

Тамара пред неколку дена се иселила од заедничкиот дом, каде живеела со Александар, и се вратила кај мајка ѝ.

Пејачката во септември минатата есен ја изненади јавноста со својата неочекувана свршувачка, со оглед на тоа што никој не ни претпоставуваше дека е во љубовна врска.