Македонија Тачи потврди дека преговара со Груевски за влез во Владата

Тачи потврди дека преговара со Груевски за влез во Владата

Дека разговара за влез во Владата, денеска потврди лидерот на ДПА, Мендух Тачи, објави „Алсат-М“.

– Сè уште не се дефинирани министерските места и директорските позиции во државните институции што ќе ни припаднат нам – изјави Тачи.

За сите актуелни случувања во земјава, но и за случајот со струшкиот градоначалник, Тачи најави дека ќе се разговара на редовниот партиски конгрес, закажан за 21 март.