Македонија Сугарески најави реконструкција на 26 патни делници, вредна 86 милиони евра

Сугарески најави реконструкција на 26 патни делници, вредна 86 милиони евра

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, денеска ги презентираа предвидените реконструкции на 26 патни правци, од кои дел се автопатски, а поголем дел делници на магистрални или регионални патишта, со вкупна должина од преку 420 километри. За тоа се предвидуваат 86 милиони евра, во што учествуваат и кредити земени од меѓународни институции.

Меѓу другото, ќе се врши проширување и реконструкција на двата коловози на патниот правец Катланово – Петровец, во должина од должина 6,5 километри, за што, според проценките, би се потрошиле 5 милиони евра. Предвидена е и реконструкција на автопатската делница Миладиновци – Хиподром, во должина од 10 километри, за 4 милиони евра.

За реконструкција на патот Штип – Радовиш, во должина од 20 километри, се предвидува дека ќе се потрошат 3 милиони евра.

Другите предвидени реконструкции се наведени на веб-страницата на Министерството за транспорт и врски.