Македонија Судските работници денеска на протест од 10.30 до 12.30 часот

Судските работници денеска на протест од 10.30 до 12.30 часот

Денеска од 10.30 до 12.30 часот судовите нема да работат поради протестот на дел од судската администрација.

Дактилографките во 10.30 часот ќе ги напуштат судниците и два часа ќе стојат пред судовите во знак на протест поради Законот за судска служба, за кој велат дека е полн со нејаснотии и не дефинира кој е судски службеник, кој административец, а кој е службеник во јавното обвинителство.

Велат дека на средбите со министерот за правда не постигнале резултати и затоа се решиле на овој радикален чекор.