Хроника Странски државјанки нелегално работеле во локал во Боговиње

Странски државјанки нелегално работеле во локал во Боговиње

Полициски екипи утрово извршиле претрес во угостителски објект во селото Боговиње и затекнале осум странски државјанки кои нелегално работеле во локалот.

Според полицијата, станува збор за локалот „Ориентал ас“, а затекнатите девојки, на возраст од 19 до 39 години, се државјанки на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и на Бугарија.

Тие биле приведени во СВР Тетово за понатамошна постапка.