Економија Стопанска комора е првата институција што се приспособи на новиот стандард ИСО...

Стопанска комора е првата институција што се приспособи на новиот стандард ИСО 9001:2015

Стопанската комора на Македонија е првата институција во земјава што своите оперативни процеси ги приспособи на барањата на новиот стандард ИСО 9001:2015.

– Комората постојано настојува да биде квалитетна институција, не само интерно, преку својот професионален, аналитичен и транспарентен кадар, туку и екстерно, во работата со сите партнери: државните институции, бизнис-асоцијациите, медиумите и другите соработници – стои во соопштенито на Стопанска комора.

Стопанската комора прва во Македонија, пред осум години, го имплементира и успешно го сертифицира ИСО-стандардот во своето работење.