Дописници Сточарите од Делчевско на протест

Сточарите од Делчевско на протест

Револт од ниската откупна цена на млекото искажаа сточарите од делчевскиот крај, кои на протест дадоа рок од три дена за откупувачите да ја определат цената на 21 денар за еден литар.

Трите откупни компании сега го откупуваат млекото за 16 и за 17 денари, што за сточарите е цена со која не можат да си ги покријат трошоците.

Откупните компании сметаат дека барањето е нерално бидејќи цената е формирана според условите на пазарот, но, пред сè, таа е резултат на дампинг-цените во конкуренцијата.