Македонија Ставрески признава криминал на градоначалникот на Битола

Ставрески признава криминал на градоначалникот на Битола

Во последната аудиоснимка што денеска ја објави Зоран Заев на прес-конференцијата, според него е разговор на Ставрески со Јанкулоска за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, и за неговиот криминал.

Во друга аудиоснимка, според лидерот на СДСМ, се слуша разговор на двајцата мминистри за директорот на Лотарија на Македонија и за пораките што ги добивал од Груевски за тој скандал.

Во последната објавена снимка, тврди Заев, Ставрески во разговор со Јанкулодска признава за долговите и за неразумните задолжувања.