Македонија ССМ со марш на солидарноста за 1 Мај

ССМ со марш на солидарноста за 1 Мај

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) годинава ќе го прослави 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, со марш на солидарноста на кој ќе биде прочитан првомајски манифест, со пораки за колективни договори за сите, сигурни работни места и за сигурни плати за работниците.

Маршот ќе почне напладне, пред зградата на ССМ, по што учесниците ќе поминат покрај Собранието на Република Македонија.