Македонија „Средношколски пленум“ го поддржа протестот на наставниците

„Средношколски пленум“ го поддржа протестот на наставниците

„Средношколски пленум“ ќе го поддржи најавениот протестен марш на „Наставнички пленум“, против лошите реформи кои се воведени во образовниот процес во Македонија во последните неколку години.

„Протестниот марш ќе се одржи в недела, на 31 мај, со почеток во 16 часот, со собирно место кај катната гаража „Македонска фаланга“ на улицата Св.Кирил и Методиј во Скопје, на местото на поранешниот Цветен пазар. Затоа ги повикуваме сите сите средношколци да дојдат и да се приклучат на протестниот марш за уште еднаш да го искажеме нашиот револт од екстерното тестирање и од сите други лоши реформи кои се воведени во образовниот процес во Македонија во последните неколку години“, стои во соопштението.