Подглавна секција Средношколците ќе можат да се возат бесплатно во ЈСП и за време...

Средношколците ќе можат да се возат бесплатно во ЈСП и за време на летниот распуст

Средношколците го добиваат ова право втора година по ред

Фото: ЈСП Скопје

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите за време на летниот распуст, соопшти Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП).

Од ЈСП информираат дека правото на бесплатен превоз за време на летниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2024 година, која, меѓу другото, вели дека „со почетокот на 2024 година учениците од средните училишта на Град Скопје ќе имаат можност да користат бесплатен превоз и за време на зимскиот и летниот распуст и на овој начин непречено да ги извршуваат своите училишни обврски за посетување на феријална пракса и практикантска обука“.