Македонија Сончево време со температура до 12 степени

Сончево време со температура до 12 степени

Времето денеска ќе биде сончево, а во западните делови ќе преовладува мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде слично, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 5 Целзиусови степени.

Позначителна промена на времето се очекува од четврток, кога изразено северно воздушно струење, со засилен, а повремено силен северен ветер ќе предизвика студено време и повремени врнежи, претежно од снег.