Македонија Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југоисточен правец, поизразен во средината на денот долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 6 Целзиусови степени, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 5 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топло време. Преодно наоблачување ќе има в четврток, со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималната температура нема многу да се менува, а негативна утринска температура не се очекува. За време на викендот, краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд, претежно во западните и во северните делови од земјата.