Македонија Сончево и топло со температура до 40 степени

Сончево и топло со температура до 40 степени

Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло, во источните делови со мала до умерена облачност и со услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува умерен југозападен ветер, кој повремено ќе засилува, особено на запад.

Минималната температура ќе се движи од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје и во околината нè очекува слично време, сончево и многу топло, со умерен, повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Од утре до сабота долж Повардарието максималната температура ќе надминува 40 Целзиусови степени. Утре ќе дува засилен југозападен ветер.

В недела поради брз продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и појава на грмежи со засилен ветер, а ќе почне и значително опаѓање на температурата, кое ќе потрае неколку дена иако ќе има постапен пораст на дневната температура.