Македонија Сончево и топло со температура до 38 степени

Сончево и топло со температура до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови од земјава се очекува нестабилност со локален пороен дожд и со грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9.

Минималната температура ќе се движи од 15 до 19 Целзиусови степени, а максималната од 29 до 38 степени.

Во Скопје и во околината ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 19 до 36 Целзиусови степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со максимална температура што ќе надминува 30 Целзиусови степени, а долж Повардарието и 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и на грмежи, а потоа времето ќе биде сончево и понатаму многу топло.