Македонија Cончево и потопло време

Cончево и потопло време

Времето денеска ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност. Во текот на денот можна е појава на краткотраен умерен дожд на југот на земјата и слаб ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе се движи од 19 до 27 Целзиусови степени, а во Скопје и во околината до 26 Целзиусови степени.

За утре се предвидува сончево и потопло време, со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Во крајните западни делови на земјава ќе има услови за локален краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северзападен правец. Температурата во наредните денови ќе биде во пораст и на места ќе достигне до 30 Целзиусови степени.