Македонија Собраниската комисија ќе ги разгледува извештаите на УБК и на АР за...

Собраниската комисија ќе ги разгледува извештаите на УБК и на АР за 2016 година

По одморот, пратениците почнуваат со работа во Собранието на Република Македонија, каде за денеска е закажана седница на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавење (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР).

Како што информираат од Собранието, на дневен ред на Комисијата се извештаите за работата на УБК и на АР за 2016 година.

За денеска попладне е закажана и средба на членовите на Комисијата за одбрана и безбедност со делегација од Велика Британија, предводена од вишиот советник за одбрана и безбедност на Одделението за стабилизација, Стивен Гловер.

Првата пленарна седница во Собранието по одморите е закажана за 4 септември, а на дневен ред, меѓу другите точки, е и предлогот на Владата за распишување оглас за именување нов државен јавен обвинител.