Македонија Со еден билет во сите автобуси

Со еден билет во сите автобуси

Со само еден билет ќе можете да се возите во сите автобуси на јавниот градски превоз во Скопје, без разлика дали тие се на ЈСП или, пак, на приватните превозници, објави весникот „Вест“.

Советниците од Град Скопје, за весникот велат дека на приватните превозници ќе им се плаќа по изминат километар, а системот за следење ќе овозможи да нема злоупотреби.

Со ова на граѓаните ќе им се овозможи со еден билет да се возат во кој автобус сакаат, без разлика дали е приватен или на ЈСП, а со тоа ќе им се намали времето на чекање.

Предлогот треба да се најде на една од следните седници на Советот на Град Скопје