Македонија Со автомобил прегазена мечка на патот Гостивар – Охрид

Со автомобил прегазена мечка на патот Гостивар – Охрид

Нема повредени во патничкото возило, а мечката починала на лице место, информираат од центарот за управување со кризи (ЦУК)

Фото: Photo by Daniele Levis Pelusi on Unsplash

Мечка угинала откако изутрина во неа удрило патничко возило на патот Гостивар – Охрид. Во патничкото возило нема повредени, а мечката угинала на лице место, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Настанот се случил на патниот правец Гостивар-Охрид, кај вториот каменолом. На местото на несреќата присутни се полициски службеници од ПС Гостивар и увидна екипа.

Известени се и Национален Парк Маврово и ТППЕ Гостивар за отстранување на починатата мечка од магистралниот пат.