Економија Смени во врвот на Тутунска банка, Антонио Аргир на местото на Ѓорѓи...

Смени во врвот на Тутунска банка, Антонио Аргир на местото на Ѓорѓи Јанчевски

Антонио Аргир е нов член на управниот одбор на Тутунска банка, информираше банката преку Македонска берза.

Тој, најверојатно, ќе биде назначен на местото на досегашниот долгогодишен директор Ѓорѓи Јанчевски, кој заминува во пензија, а кој ја вршеше функцијата претседател на управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.

Антонио Аргир досега беше директор на деловна мрежата и член на одборот за управување со ризици во НЛБ Тутунска банка.