Македонија Слободан Богоевски денеска ќе сведочи пред Обвинителството за случајот со мито од...

Слободан Богоевски денеска ќе сведочи пред Обвинителството за случајот со мито од „Маѓар телеком“

Да сведочи за случајот со „Маѓар телеком“ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, денеска е повикан Слободан Богоевски.

Богоевски, кој е на издржување затворска казна во кумановскиот затвор за друг случај, денеска треба да го даде своето сведочење откако Обвинителството отвори предмет по неговата изјава дадена за њујоршкиот суд, во која наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од „Маѓар телеком“ преку грчкиот бизисмен Кондоминас.