Култура Славчо Ковилоски, добитник на наградата „Јован Котески“

Славчо Ковилоски, добитник на наградата „Јован Котески“

Поетската збирка „Барутна поезија“ од Славчо Ковилоски е годинашен добитник на наградата „Јован Котески“, по конкурсот што петти пат го распишаа Културниот центар „Бран“ и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга.

– Како и поетот Ацо Караманов, кој во песната „Поет“ пее: „Јас сакам да станам поет-динамит“, така и Славчо Ковилоски, еве, испишува поетска книга од вкупно 45 песни со сличен наслов „Барутна поезија“ – образложи жири-комисијата.

Славчо Ковилоски е писател, поет, преведувач, истражувач и главен уредник на списанието за литература „Современост“. Член е на ДПМ и член на Хрватското книжевно друштво – Риека (Хрватска). Добитник е на повеќе награди: наградата „Духовни хоризонти“ на ССП (Бугарија), „Прозни мајстори“, „3 Ноември“ на градот Прилеп и други. Преведен на повеќе јазици.

Промоција на наградената книга „Барутна поезија“ и врачување на наградата „Јован Котески“ ќе се случат на 3 јули годинава во Струга.

Досегашни добитници на наградата „Јован Котески“ се Трајче Кацаров, Санде Стојчевски, Витомир Долински и Христо Петрески.