Хроника Скопјанец се удавил во езерото Треска

Скопјанец се удавил во езерото Треска

Педесет и деветгодишен скопјанец вчера попладне се удавил во езерото Треска, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, вчера околу 12.45 часот, во скопската полиција било пријавено дека во водите на езерото Треска се удавило непознато машко лице.

Полициските екипи кои излегле на терен и извршиле увид, го идентификувале удавеното лице, односно утврдиле дека станува збор за Уран С.(59) од Скопје.

По наредба на jавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството, за погреб.