Македонија Шилегов: Власта трошела по 5.000 евра за квадратен метар во „Скопје 2014“

Шилегов: Власта трошела по 5.000 евра за квадратен метар во „Скопје 2014“

Никола Груевски, Зоран Ставрески, Елизабета Канческа-Милевска никаде ги нема да ни објаснат како за само шест катни гаражи Владата потрошила приближно 80 милиони евра, обвини портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Ќе се кријат, кога ниту една здрава логика не може да го објасни фактот дека за едно паркинг-место се потрошени 50. ооо евра“, посочи Шилегов.

– Ајде да видиме колку ни трошеле за еден квадратен метар во гипсените фасадни објекти. До неверојатни 5.500 евра за еден квадратен метар. Објектот на Стар театар е изграден на 7.200 квадратни метри. За него се потрошени 39 милиони евра, што значи дека еден квадратен метар нè чини 5.000 евра. За Музејот на ВМРО, потрошени се 3.000 евра за еден квадратен метар, а приближно толку плаќаме за Филхармонијата и за Државниот архив. Еден квадратен метар во АЕК чини неверојатни 3.000 евра. Само за споредба, една просечна цена на стан во Скопје, според Државниот завод, е 900 евра за еден квадратен метар – обвинува Шилегов.

Тој ппашува, ако се земе предвид дека градежната цена на становите е 300 до 500 евра за еден квадратен метар, што правела власта за 3.000 до 4.000 евра за еден квадратен метар.